Поранешниот македонски кошаркарски репрезенативец и донесе огромна, сензационална победа на неговата Црвена Звезда во последниот меч од десетото коло во Евролигата. Белградските црвено бели славеа кај Реал Мадрид со 87-83 и тоа со тројката на Перо Антиќ на 7,7 секунди до крајот. Ова е трета победа на Црвена Звезда и петти пораз на Реал во последните 6 натпревари.
Антиќ постигна 11 поени и беше трет тимски стрелец, а даде 3 тројки од вкупно 17 на гостите. Но последната во средбата беше решавачка и негово дело.




