Време е да покажеме дека сме подготвени да поддржиме суштинска промена – преку дела, а не само со зборови, објави министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
-Денеска се одржа Советодавен одбор за проектот „Заедници за интегритет“, кој се имплементира од Националниот демократски институт, со финансиска поддршка од амбасадите на Швајцарија и Шведска, преку кој ќе делуваме во борба против корупцијата, додаде Перински.
„Свесни сме за тежината на предизвикот, но уште поважно – подготвени сме активно да делуваме во насока на создавање поотчетни локални институции и доверба меѓу граѓаните и власта.
Како член на Советодавниот одбор, стојам на располагање за сите активности поврзани со овој проект, да овозможам поддршка каде и да е потребна – преку координација или дијалог со локалните самоуправи“, потенцираше Перински во објавата на својот фрјсбук профил.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fzperinski%2Fposts%2F4229817147347838&show_text=true&width=500





