Перински и Ѓорѓиевски фаворити за иден градоначалник на Скопје

Овој месец ќе се извршат неколку интерни анкети за можните кандидати за градоначалници, меѓу другото и за градоначалник на Скопје, изјави вчера претседателот на ВМРОДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски.



Од партиски извори се дознава дека за градоначалник на Скопје фаворит на Мицкоски бил актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, кој отворено изјавува дека би сакал да биде градоначалник на Скопје.

Од друга страна пак, партиската база на градоначалничкото место за Скопје го гледа Орце Ѓеорѓиевски, актуелниот градоначалник на Кисела Вода кој во неколку наврати изјавува дека би го прифатил предизвикот за градоначалник на Скопје.

Тука се споменува и името на Бобан Стефковски, сегашниот градоначалник на Гази Баба, дознава МКД.Мк.

Министерот Перински со амбиција да биде градоначалник на Скопје (ВИДЕО)