Перински: Имам план и визија за Скопје

 

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој е подготвен да се кандидира за градоначалник на претстојните локални избори за градоначалник на Скопје, вели дека воопшто не го плаши ваквиот чекор. Напротив, тој смета дека има целосно јасна визија за тоа како треба да се решат проблемите во главниот град.



„ Воопшто не ме фаќа страв да бидам кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори, туку напротив, максимално сум мотивиран и точно знам што треба да правам“, рече тој во  – потенцира тој гостувањето во поткастот на „Плусинфо“.

Вели дека е емотивно врзан за градот Скопје и дека не може да го поднесе тоа што му се случува на градот и на граѓаните.

„Целиот живот сум го поминал во Скопје и навистина сакам да имаме успешна градска приказна. Се соочуваме со основни нерешени проблеми во Скопје, а сакаме да се мериме со европските метрополи. Тоа едно со друго никако не оди. Едноставно, не треба да измислуваме топла вода. Само треба да погледнеме како функционираат другите градови од регионот. Погледнете ја Љубљана, погледнете го Загреб. Станува збор за делумно слични градови на Скопје и по површина и по број на жители“. вели периснки.

Според него, сите проблеми на скопјани можат да се решат во мандат од четири години ако се пристапи со системски, а не парцијални решенија.

„Во оној момент кога ќе престанам да верувам дека можам да успеам, јас ќе се повлечам од политиката засекогаш. Мене навистина ми импонира да можам сега да придонесам за утре моето дете да се гордее со својот татко.

Сакам да си ја одработам платата. И ова го кажувам најискрено. Ако се влезе со системски решенија, а не со парцијални решенија, тогаш сѐ е изводливо“, вели актуелниот министер министерот.