САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО Алијансата,изјави главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд, во интервју за Гласот на Америка на македонски.



Во пресрет на одбележувањето на 75 години од безбедносната алијанса, следната недела во Вашингтон тој рече:.

„Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион“, рече Бјуланд.

Да потсетиме, гркиот премиер Кирјакос Мицотакис се закани дека ако Христијан  Мицкоски и како премиер продолжи со „игрите со името“,  ќе се најде во непријатна позиција на Самиот на НАТО и дека ќе има големи проблеми со Грција.

„Тоа се анахрони и талибански методи и враќања во стариот век кои се спротивни на Копенхашките критериуми, но јас се подготвувам за Самитот на НАТО со аргументи и ќе ги погледнам в очи оние европски политичари кои мене ми ветуваа дека само уште името на државата да го смениме и за пет-шест години ќе станеме членка на ЕУ, а тоа испадна лага“ одговори на заканата Мицкоски. 

(…)

Гласот на Америка на македонски (VOA) на 19 јуни го праша Стејт департментот дали Мицкоски со употреба на две имиња за државата, дома Македонија, а во странство Северна Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа.

Од прес-службата за VOA тогаш одговорија:

„Изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“.

Оттаму кажаа дека „САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки“.

ЛИНК до интервјуто