Во Сплит, 57-годишен пензионер е осуден на единствена казна од шест години затвор за 131 кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на тешко болна девојка со висок степен на инвалидитет, јавува „Далматински портал“.
Пресудата засега е неправосилна.
Поединечно, за секое од 29-те тешки кривични дела сексуална злоупотреба и експлоатација на дете е осуден на три години затвор, за едно кривично дело во обид, три години, за истото кривично дело поврзано со експлоатација на деца за порнографија, пет години, а за секое од 100-те кривични дела сексуална злоупотреба на дете кое не наполнило 15 години, по една година затвор.
Кога се’ ќе се собере, поединечно е осуден на 195 години затвор!
Судењето беше затворено за јавноста, па не можеше да се добијат детали за образложението на пресудата, односно одлуката за санкција за единствена казна која е блиску до законскиот минимум.
Имено, таа не може да биде помала од максимално изречените пет години, ниту еднаква на збирот на поединечно изречените казни.
Во секој случај, извесна е жалба од страна Државното правобранителство.
Обвинетиот бил пријател на родителите на жртвата, која во моментот на извршување на делата имала нешто повеќе од 11 години.
Во неделата бил фатен од мајката на жртвата додека со мобилниот телефон го снимал грозниот чин.
Откриено е дека две години сексуално ја злоставувал девојката.
Тој е во притвор со оглед на тоа што е осуден на построга казна затвор од пет години.






