Предизборно ветување на новата Влада, првпат по неколку години, се остварува и пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари.



Уште едно линеарно зголемување во ист износ треба да има со мартовската пензија.

Собранието на 12 септември ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се овозможи линеарно зголемување на пензиите. Законските измени беа донесени со 78 гласа „за“, по скратена постапка.

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување,  во август годинава е исплатена пензија на 340 709 лица. Просечната пензија изнесува 21.217 денари.