Кандидатот за претседател на Македонија од страна на СДСМ Стево Пендаровски тврди дека само тие, мислејќи на власта на СДСМ и ДУИ кои ја водат владата седум години знаат што е борба за македонските национални и државни интереси.
Тој во јавна изјава прави поделба меѓу ние и вие што е невообичаено за највисок државен функционер кој треба да обединува а не да дели.
,,Само ние знаеме што значи да се бориш за македонските национални државни интереси. Единствена гаранција за нашата перспектива и единствената надеж младите да успеат тука, да просперираат и тука да создадат семејство, е ако сме дел од Западна, развиена Европа. Се стремиме да бидеме како најразвиените земји, да добиеме ум, принципи и вредности врз кои ќе ја уредиме нашата Македонија и таа ќе личи на просечна европска развиена и просперитетна земја”, објави Пендаровски.
На која борба мисли Пендаровски засега не е најјасно.





