Пендаровски му се умилкува на ВМРО-ДПМНЕ, откри зошто потпишал катастрофален закон (ВИДЕО)

Претседателот Пендаровски влезе во замка откако ги нападна ВМРО-ДПМНЕ за законот за промена на кривичниот законик со кој огромен број на луѓе од власта се спасија од кривичен прогон за корупција и криминал.



ВМРО-ДПМНЕ гласаше против законот а за иввин закон не беше потребно апсолутно мнозинство односно можеше да биде донесен само со присуство на 61 пратеник што СДСМ и ДУИ ги имаат а Пендаровски го потпиша без никаква забелешка.

Пендаровски во обид да го нападне ВМРО-ДПМНЕ во момент на невнимателност вели дека законот имал 4 пати подобри последици за опозицијата што значи дека тој работел за ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто Пендаровски потпишал закон што според него му одговара на ВМРО-ДПМНЕ тој не кажа.

На прашањето зошто го потпишал спорниот закон Пендаровски вели дека ако не го потпишел власта ќе му го вратела наредниот ден и ќе морал да го потпише што не е точно затоа што законот ќе мораше да помине нова процедура во Собранието.

Бизарното објаснување на Пендаровски кое нема никаква логика го дава на Сител

Линк до видеото

https://fb.watch/qDXtcQSGwF/?mibextid=Nif5oz