По двете дебати на кои доживеа тежок пораз, на ТВ21 и на Телма кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски капитулираше и не се појави на дебата во МТВ.
Пендаровски одбил да се појави на националниот сервис каде требаше да се соочи со професорката Силјановска.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска се чуди зошто столчето на Пендаровски останало празно.
,Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.
Не разбирам зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови”, објави Силјановска.






