На синоќешиот митинг во Струга актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски, призна дека борбата против широкораспростанетата корупција останува проблем.



„Иако потешката работа е завршена, сепак државата застана на пола пат во справување со корупцијата. Ја повтори идејата дека е неопходен ветинг на сите судии и обвинители, но и на сите политичари“, рече Пендаовски.

Тој се осврна на она што е досега сработено и потенцираше дека важноста на влезот на земјата во НАТО е „идентична како нашето осамостојување“.

Пендаровски притоа одново ја критикуваше опозицијата, за која рече дека не само што не нуди план како ќе ја однесе Македонија во ЕУ, туку сака да го поништи Договорот од Преспа.