Од 500 денари па се до над 500 илјади денари се движат донациите кои физички или правни лица им ги донирале на претседателските кандидати во првиот круг од кампањата.  Меѓу оние кои уплатиле пари има имиња на пратеници, градоначалници и членови на партиите кои застанале во поддршка на кандидатот.



Најмногу средства за претседателската кампања во првиот круг добила кандидатката , Гордана Силјановска Давкова – дури 19.950.000 денари или нешто повеќе од 325 илјади евра.

По висината на примените донации втор е Бујар Османи од ДУИ со вкупно 69 илјади евра.

Следува Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН со донации од 521.900 денари или 55 илјади евра.

Кандидатката Билјана Ванковска поддржана од Левица има донации од 17.788 евра.

На изборната сметка на кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ префрлени се донации во износ од 986 илјади денари или околу 16 илјади евра.

Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски имал 12.195 евра.

Сметката со најмал износ е онаа на кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски со 2.400 евра. Донациите главно биле од услуги а не во пари, во кој се јавуваат 3 физички лица и една фирма.