Според кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски граѓаните на Пехчево многу лесно можат да направат разлика меѓу него и неговите соперници во трката за шеф на државата.
,,Познавајќи ме мене и мојата работа во изминатите пет години, граѓаните на Пехчево многу лесно можат да направат разлика помеѓу опцијата која нуди прогрес и опцијата која наумила да ја уназади земјата.
Македонија има капацитет, потенцијал и ум. Тоа го докажавме изминативе години, постигнувајќи големи успеси. И во вториот мандат ќе продолжам да се вложувам за европска иднина на земјава”, објави Пендаровски.
* Ликот од фотографијата со Пендаровски е замаглен затоа што е можно да е малолетно лице.





