„Пендаровски би можел да коментира утакмица во фудбал, и верувам дека во тоа би бил солиден, но не и да води држава“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски според кој на овие избори ќе се одлучува не само за претседател, туку за човек на кој може да му се довери да ја води државата и да одлучува за иднината.
На митингот во Ресен, вчера, Мицкоски изјави дека Пендаровски не покажал отпорност да се спротивстави на Ахмети, ниту на СДСМ и го опиша актуелниот претседател како .
„безличен политичар на кому му е важно да направи комбинации за да ја сочува фотелјата“, но не и да се бори за иднината на државата.
„Причината зошто Ковачевски не ги посетува неговите митинзи освен слабиот рејтинг, е и во желбата Пендаровски да ја освои поддршката од ДУИ. Нему му е поважно ДУИ да го гласа, од тоа СДСМ да го поддржи. Тој трча по Ахмети, затоа што знае дека по поразот во првиот круг ниту ДУИ ќе го спаси во вториот.
И затоа не се изјаснува дали ќе прибегне кон бојкот кога ќе го види резултат на изборите вечерта по првиот круг избори“, рече Мицкоски според кој народот на овие избори има јасен избор:
„Понуда на ВМРО-ДПМНЕ за претседател е личност со инзовреден интелект, и интегритет. Личност со верба во принципи и со свој став.
Ставовите на професорката Гордана Силјановска Давкова може да не ви се допаѓаат или да ви се допаѓаат, но не можете да спорите дека секогаш тие се издржани и со аргументи. Тоа е жена која е чесна во политиката и со огромно знаење“, истакна Мицкоски.






