На синоќешниот митинг во Општина Центар, кандидатот за уште еден претседателски мандат, Стево Пендаровски, порача дека тој ги знае сите анкети – и оние лажните и реалните – и дека според сѐ, тој ќе биде победникот на 8 мај.



„Јас ги знам сите анкети. И знам кои се лажни, тоа се најчесто оние што ги продуцира најголемата опозициона партија и ги знам оние кои се реални. И најреално ви кажувам дека ние сме победници на 8 мај“ истакна Пендаровски, како што пренесува Максфакс.

Кандидатот за претседател додаде и дека тој бил првиот кој понудил дебата со сите седум учесници, но што се однесува до дебата на јавниот сервис, МРТВ,Пендаровски изрази резерва поради неодмнешната афера со истражувањата на јавното мислење.

СДСМ фатени со лажна вест за наводни лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ

„Значи, ако е точна оваа афера што излезе пред неколку дена дека има наводно документи кои докажуваат дека од штабот на најголемата опозициона партија организирале Центар за продукција на лажни вести и политичка пропаганда контра нас и дека главен, надлежен за таа пропаганда и лажни вести е актуелниот директор на МРТВ јас мислам да почекаат додека надлежните органи не ја расчистат таа афера.

Можеби не е точна таа афера, можеби се тие фалсификат, ама прво нека ја расчиститат по потоа нека викаат на дебати“ рече Пендаровски,