Пендаровски во Македонски Брод: Гласајте за претседател кој нема да ве дели на ваши и наши

Пред присутните во Македонски Брод, Стево Пендаровски се заблагодари за поддршката што тој ја добива не само денес, туку и во изминатите 10 години. Потсети дека во првиот мандат бил претседател на сите граѓани без притоа никого да не привилегира.



„Без разлика дали некој доаѓал од Брод или од Скопје, кај мене сите сте биле дочекани на еднаков начин. Не може да каже ниту еден дека бил привилегиран затоа што е Македонец, Албанец, Влав, Турчин, Ром, Бошњак…затоа што во изминативе пет години се трудев и мислев дека бев претседател на сите граѓани“ порача пред граѓаните на Македонски Брод, Стево Пендаровски.

Корупцијата, додаде Пендаровски, е туѓа како за мене, така и за сите оние што работат за мене.

Пендаровски ги повика присутните на 24 април да дадат поддршка за бројот еден.

„Гласајте за број 1 на 24 април и да го направиме истото, за да имате претседател кој нема да ве дели на наши и ваши, вие сите сте мои. Имам син на 22 години и сопруга и тие се мое семејство. Сите 1,8 милиони граѓани кои живеат тука ќе бидете мое семејство во наредните 5 години,“ порача Пендаровски.