„Не постои ситуација во која сум се однесувал како да не сум претседател на сите“, изјави вчера кандидатот за уште еден претседателски мандат, Стево Пендаровски, на средба со граѓаните на Тетово.
Тој вели дека во изминатите 5 години негов мандат за него сите граѓани биле еднакви.
„ Сите сте биле еднакви за мене. Тетово е град на повеќе националности и вие тоа најдобро го знаете.
Важно е да се почитуваме, да немаме конфликти и да не се сеат омраза и гнев. Македонија може да биде стабилна и просперитетна држава само и само ако сите овде, во оваа заедничка куќа се чувствуваме рамноправни, а не некој да биде газда, а друг да биде потстанар“, истакна Пендаровски.





