Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
Сончево и многу топло време се очекува денеска, со мала до умерена локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. УВ-индексот ќе има вредност 10.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 41 степен.






