Најдобрите македонски одбојкари се незадржливи во оваа сезона во Европската лига за што доказ е победата со страшен пресврт од 3-2 против Данска по што одиме во финалето во кое утре не очекува Украина. Црвено жолтите вечерва во Гентофте имаа многу лош старт и губевме со 2-0, а освоивме 19 во првиот односно 20 поени во вториот сет, но затоа во продолжение ја разбивме домашната селекција. Во третиот дел  тргнавме во пресвртот со 25-14, во следниот продолживеме со 25-20 и завршивме во последниот сет, во тај брејкот со 15-11.



Се траеше безмалку 2 и пол часа во кои разликата во квалитет сепак се виде, а триумфот на подмладената и во однос на последните неколку години видно променета селекцијата на Драгољуб Балтиќ и беше, но и не беше спорна. Никола Ѓорѓиев повторно блескаше и освои најмногу поени, но во добрата партија учествуваа сите. Ова беше седма победа во низа и пласман во трето финале во Европската лига. Во претходните два случаја губевме по последниот чин, но впечаток е дека сега сме созреани за скок во втората Светска одбојкарска лига.

Македонија денеска беше подобра од Данска 3-2, но полуфиналето беше само преод до главната цел, а тоа е неделното финалето, и победа и таму. Утре не очекува Украина која во првото полуфинале од Европската лига во предградието на Копенхаген исто се намачи со Шведска и победи со 3-2 и на разлика. Финалето е в недела од 19 часот, во него е Македонија, а претходно ќе има и меч за третото место.