Пеат ли Бугарите песни за Гоце како Македонците во Македонија и Бугарија (ВИДЕО)

Се пеат ли во меѓу Бугарите песни за Гоце Делчев како во Македонија и меѓу Македонците во Бугарија?



Според јавно достапните видеа од соседна Бугарија меѓу Бугарите нема традиција на народни бугарски песни за Гоце Делчев.

За разлика од народната традиција кај Бугарите, во Македонија и меѓу Македонците во источниот сосед има огромен број на песни кои зборуваат за Гоце Делчев и за другите македонски револуционери како борци за независна Македонија, сон кој на крајот се оствари.

Ова е само уште еден факт во историската наука и реалност според кои Бугарите се до неодамна воопшто не го доживуваа Гоце Делчев како свој.

Песните кои вчера на роденденот на Гоце Делчев ги пееле професори и студенти од Универзитетот Гоце Делчев во Штип се непознати во Бугарија.

Мал куриозитет кој го докажува пиетотот на Македонците кон својот апостол Гоце Делчев е што луѓето од штипскиот универзитет сами ги скроиле и сошиле носиите во кои настапија на роденденот на својот великан.

Носиите се со оригинален дизајн од времето на комитите на Гоце Делчев и ВМРО.

Уживајте во прекрасната изведба и естетика за Гоце од професорите и студентите од УГД кои на одбележувањето на роденденот на Делчев беа домаќини и на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Текст на песната за Гоце Делчев

Пирин планина,
Кои ке по тебе оди да те брани
Ако го нема Делчев војвода!
Моми убави
Кои ке по тебе оди да те пази
Ако го нема Делчев војвода!

Гоце Делчев е вечен!
Гоце Делчев е Македонија!