„Чеканот на претседателот на Уставниот суд и едно парче хартија не можат да го поништат албанскиот јазик. Албанскиот јазик не се применува, туку се отфрла во * Македонија. Зошто се Македонците толку тврдоглави? Што им пречи албанскиот јазик? Што им пречат Албанците? Како ќе се однесуваат Европа и меѓународниот чинител кон овој парадокс? Зошто молчи албанскиот премиер Еди Рама, кој подготвуваше предлози за унапредување на правата на Србите во северно Косово? Зошто молчат албанските политичари, заради парче власт, кон деградирањето на албанскиот јазик во оваа држава? Овие прашања чекаат одговори!“ – пишува д-р Мухамер Пајазити, професор по евроинтеграции во Правниот факултет на државниот Универзитет од Тетово во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Покрај укорувањето на Македонците“ зошто биле „толку тврдоглави“ кога станува збор за употребата на албанскиот јазик, натаму во својата колумна Пајазити наведува: Во последниот напис на ревијата „Наука“, во кој со софистицирани методи се проучува потеклото на индоевропските јазици и албанскиот јазик, се потврдува дека албанскиот е еден од трите најстари индоевропски јазици, кои сè уште се зборуваат. Според овие податоци, албанскиот народ и албанскиот јазик се стари најмалку 6 илјади години и се автохтони на овие простори. Претседателот на Уставниот суд и другите судии како него, кои се платени од нашите даноци, мора да разберат дека албанскиот јазик е богатство за * Македонија.
Чеканот на претседателот на Уставниот суд и едно парче хартија не можат да го поништат албанскиот јазик во време кога целиот демократски свет се потпира на кодот за масовна комуникација преку јазиците. Демократскиот свет го наоѓа своето богатство во различноста на наследството, како и во способноста да се соберат во своите пазуви држави со различни јазици, култури и традиции, а претседателот на Уставниот суд и неговите пријатели кројат злогласни планови, за да исчезне една илјадагодишна култура.
Албанскиот јазик не се применува во Северна Македонија и тоа е резултат и последица на неспособната албанска политика . Ова се потврдува со многу факти. Пред еден ден Арбен од Куманово во филијала на банка немал право да комуницира на албански јазик. На Бујар му стасало известување за казна само на македонски јазик. Хајдар добил решение за данок на имот само на македонски јазик. На Шќипе ѝ и пристигнала покана за на суд само на македонски јззик. Има и многу други случаи како силни докази дека се отфрла албанскиот јазик.
Зошто се Македонците толку тврдоглави? Што им пречи албанскиот јазик? Што им пречат Албанците? Како ќе се однесуваат Европа и меѓународниот чинител кон овој парадокс? Зошто молчи Еди Рама, кој подготвуваше предлози за унапредување на правата на Србите во северно Косово? Зошто молчат албанските политичари, заради парче власт, кон деградирањето на албанскиот јазик во оваа држава?
Овие прашања чекаат одговори!






