„Народе, бидете внимателни! Заштитете се! Условна казна од 18 месеци затвор казна за горењето 14 луѓе во модуларната болница во Тетово.“ – напиша со нескриен револт Насер Пајазити, основачот и извршен директор на информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА на својот фејсбук-профил.
Во истиот тон Пајазити продолжува: Затвор од 20 месеци за случајот со смртоносната несреќа на „Беса транс“, во која животот го загубија 45 патници!
Ова е злосторство и поттикнување на злосторство, овде нема ниту „К“ од казна!
Народе, внимавајте! Заштитете се себеси!





