Двајца возрасни мажи предизвикале тепашка во чекалницата во ГОБ „Св. Наум Охридски“ додека чекале преглед, објави МВР.
Случајот бил пријавен пред два дена во 20.35 часот во СВР Скопје.
„По претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје“, извести полицијата.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






