Патнички авион се судри со воен хеликоптер на небото над Вашингтон, пренесоа американските медиуми.
Авионот се урнал во реката Потомак.
Според NBC, 18 од патниците биле извлечени од реката, но не се знае дали се живи.
Во урнатиот авион имало 60 патници и 4 членови на екипажот, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на Американ ерлајнс. Во хеликоптерот Блек Хок имало три лица.
Сударот се алучил при слетување на аеродромот Роналд Реган околу 21:00 часот по локално време. Авионот летал од Вичита, Канзас, за Вашингтон.
Белата куќа потврди дека во инцидентот учествувал воен хеликоптер.
Засега не се јасни причините за несреќата.
Околу 300 луќе се ангажирани во потрагата и извлекувањето тела од реката Потомак.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека сударот можело и морало да биде спречен,
BREAKING: Video shows 2 aircraft colliding over the Potomac River in #Washington, D.C.
— عـدم – ADM (@ADM_3DM) January 30, 2025






