Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција

„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна помош“ – ја започна својата објава Александра од Србија,  на популарната Фејсбук група „Грчка инфо“.



Имено, како што истакнала, додека патувала за Грција на одмор, наеднаш и се слошило и се онесвестила покрај патот.

„За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше“.

Ана била единствената која го запрела својот автомобил и дошла да помогне.

„Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила“, раскажува.

Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок миг.

„Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар“, напиша жената.

Александра, од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одбила да размени контакти за да не се чувствуваат должни, решила да отвори „Фејсбук“ профил и да ја сподели приказната, со цел јавно да и’ се заблагодари преку социјалните мрежи.