Коалицијата ВРЕДИ очекува да има седум заменици министри, а за тоа ќе се дискутира на денешната прва седница на новата Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.



Од ВРЕДИ потврдуваат дека во поделбата на власта ќе добијат 30 отсто од вкупниот број директори, кои мора да се поделат меѓу коалициските партнери, Алијансата за Албанците на страната на Таравар, Алтернатива, Беса, Демократско движење, како и Беким Ќоку, дозва „Телеграфи“.

Од коалицијата појаснуваат дека имаат методологија како ќе се направи разделбата, но нема да откријат додека лидерите не ја потврдат на средба, која најверојатно ќе се одржи во текот на неделата.

Од партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски ќе има двајца заменици министри. Лидерот на Движењето во последните изјави не појаснува колку директорски места очекуваат бидејќи околу ова се’ уште не разговарал со премиерот Мицкоски.

Традиционално, директори кои најмногу им се допаѓаат на политичките партии се МЕПСО, Железници, Пензиски фонд, Пошта, Патишта на Македонија …