Партијата нема да ги поддржи првиот и вториот мандат за состав на бугарска влада кои ќе им биде даден на ГЕРБ која победи на последните избори, односно на ДПС која се пласираше на второ место, изјави шефот на пратеничката група на „Има таков народ“ (ИТН), Тошко Јорданов.



Борисов: Бугарија „лета“ кон нови избори

По шестите избори во само три години во бугарското Народно Собрание влегоа 7 партии, а преговорите за состав на влада се чини не одат лесно.

Се надеваме дека претседателот ќе ни го даде третиот мандат, изјавил тој, пренесува Њуз.бг.

Изборот на претседател на Народното собрание за кој ИТН даде поддршка бил само практичен потег за отпочнување на процедурата за врачување мандати.

„Мора да се направи чекор за да се излезе од нередот во кој се наоѓаме, смета тој. ИТН ја одзеде целосната моќ на ГЕРБ“, се пофали Јорданов.

ИТН се подготвени да направат некои отстапки за да формираат влада ако третиот мандат им припадне, изјави подоцна Тошко Јорданов за БНР.
Тој појасни дека ќе разговараат дури и со ДПС и „Вазраждане“ доколку најдат заеднички јазик.

Јорданов посочи дека експерти има во сите партии, освен во „Продолжуваме со промената“.

Но, продолжи тој, не знае каде стои новата партија „Величие“ .