Партиски фотографии ја демаскираат траорната атмосфера во СДСМ (ГАЛЕРИЈА)

Три фотографии на социјалните мрежи кои ги објавува лидерот на СДСМ и екс премиер Димитар Ковачевски укажуваат на сосема различна атмосфера од тоа што се обидува да го прикаже партијата.



Наспроти тврдењето на Ковачевски дека ужива во атмосферата што се создава во партиските штабови и дека СДСМ има победнички претседател и ќе прави влада ликовите на фотографијата укажуваат дека членството ни од далеку не верува во тоа сценарио.

Како никогаш претходно загрижени и вознемирени лица, збунети функционери па дури и уплашени ликови се гледаат на фотографиите објавени од самата партија на кои ретко кој се смее или делува дека има надеж во победа на СДСМ.