СДСМ и ДУИ како да се натпреваруваат кој ќе направи поголема отстапка без да се направи проценка за последиците врз највисоките национлни интереси“ пренесе вчера А1Он.
Пратеникот Артан Груби се пофалил дека формата на новото име била договорена, пренесува АОН, и дека членот на ДУИ на медијаторот ќе му понудел дополнителни идеи кои ги добил, ни помалку, ни повеќе, туку од грчки авторитети.
Да не беше трагично ќе беше смешно македонски претставник да нуди идеи добиени од грчки авторитети, коментираат од телевизијата и прашува: Кого претставува Артан Груби кога му изнесува идеи на Нимиц? Дали зад овие идеи стои Зоран Заев и СДСМ.
Спорд А1 Он, најзагрижувачки бил фактот што Груби откри дека формата името не бил најголем проблем, туку другиот дел од договорот кој се однесувал на идентитетот, јазикот, националноста, употребата и преводот.
Кој лаже? Заев и министерот за надворешни работи Димитров кога велат дека за идентитетот не се преговара или Артан Груби и ДУИ кога велат дека се договара решение за идентитетот, јазикот и националноста?- прашува А1 Он.
„Доколку наводите на Груби не се точни и не се преговара за идентитетот, јазикот и националноста, Владата мора веднаш да се огради и да ги отфрли неговите предлог идеи. Доколку тој настапува волунтаристички, Зоран Заев мора да преземе соодветни мерки во однос на однесувањето. Граѓаните се вознемирени и очекуваат владата да ги штити националните интереси“, изјави Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „Плусинфо“.





