Партизација или немаат луѓе – Советничка на Маричиќ во владата ,,глуми” во партиски спот на СДСМ

На Фејсбук фан страната на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ е објавен видео спот за жените, за СДСМ и за партиските и политички активности на функционерот на СДСМ кој злоупотреби службено возило за да го даде потписот за партискиот кандидат за претседател Стево Пендаровски.



На спотот кој го објавува Маричиќ една од улогите ги ,,игра” и советничка вработена во неговиот кабинет, државен службеник, Билјана Максимовска.

Според протоколите и кодексите кои ги регулираат злоупотребите и партизацијата на државните ресурси не е дозволено луѓе од администрацијата како Максимовска да учествуваат во партиската пропаганда на СДСМ.

По овој спот вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска ако го почитува кодексот на владата мора да ги казни и вицепремиерот и Максимовска за учество во партиски спот.

Спотот за партиските активности е објавен на страната на Маричиќ како втор човек во владата.

Линк до видеото

https://fb.watch/qJiy42f5ez/?mibextid=UyTHkb