Парното поскапува за 5,03%

Парното греење во Скопје од утре поскапува за 5,03 проценти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, откако трите фирми-ќерки на АД ЕСМ, кои го презедоа бизнисот со топлинската енергија од „Балкан енерџи“, доставија зголемени трошоци што ги имаат поради поскапиот природен гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО, кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.



Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, рече дека сметките на корисниците незначително ќе се зголемат, така што оние домаќинства што досега плаќале за парно 2.100 денари, од 1 февруари, од кога ќе стартува новата цена, ќе добиваат сметка од 2.200 денари, односно покачувањето е 100 денари.

  • Поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.Се очекува зголемување на сметките од 100 денари за просечно семејство во Северна Македонија. Оние коишто имале трошок за парно од 2.100 денари, сега ќе добиваат сметка од 2.200 денари. Цената ќе се применува од 1 февруари, рече првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Скопјани со новата сметка ќе плаќаат 100 денари повеќе за парно греење. Причината е поскапување на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на Те-То. Новите цени стапуваат на сила од утре, за железарското парно и корисниците на топлана Скопје Север ќе се одлучува на наредна седница во текот на февруари. 

Во регулаторна пристигнале голем број поплаки од граѓаните за млаки радијатори, Беслимовски ги повика дистрибуциите да не штедат на топлина. Доколку пак цените на берзата продолжат да растат не се исклучува и препорака до Владата да продолжи со субвенции на сметките за парно. Повисоки цени за градското парно ќе добијат над 60 000 домаќинства во Скопје.

Од Регулаторна велат дека земјава се уште има најевтино парно во регионот, правејќи споредба со Белград каде што цената е повисока за 71,5 проценти, во Љубљана речиси за 55 проценти, во Нови Сад за 40, во Сараево за близу 30 проценти и во Софија за 6 проценти.