Од денеска Комерциална банка почнува со исплатата на мајските пензии, односно пред предвидениот термин, понеделник, трети јуни, јавува порталот Пари.



Пензионерите средствата можат да ги повлечат од банкомат, или да вршат безготовинско плаќање низ трговската мрежа.Парите ќе можат уште денес да ги подигнат во некоја од експозитурите и филијалите на Банката кои ќе работат до 17 часот.

И Халкбанк АД Скопје, пренесува порталот, известува дека исплатата на мајските пензии на платежните сметки ќе се изврши денеска и средствата ќе бидат на располагање во сите филијали на Халкбанк АД Скопје, преку банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно банкарство.