Градоначалничката на Париз Ан Индалго рече дека до 2030 година, Париз треба да биде град без автомобили кои користат бензин, а до 2024 година планира да ги укине дизел автомобилите.



Идолго изјави дека целта и е долгорочно да го направи Париз град без издувни гасови.

Во некои делови од Париз паркиралиштата се веќе намалени и има повеќе велосипедски патеки.

Иницијативата на градските власти веќе предизвика незадоволство кај граѓаните во периферијата на Париз, бидејќи тие најчесто користат автомобили за да стасаат на работа.

Париз и неговата околина имаат повеќе од десет милиони жители. Автомобилите најчесто се користат од страна на граѓаните на периферијата, а во самиот град најпрактичен превоз што најмногу се користи е метрото.