Папа Франциско: Сите христијани да го славет Велигден во ист ден

Папата Франциско изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати единствен датум за Велигден, иако овој верски празник често се слави на различни датуми во зависност од верските календари, пренесеоа медиуми..



Католичката црква е подготвена да го прифати датумот што секој го посакува, датумот на единството“, рече папата.

„Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден според Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар,… Го обновувам мојот повик ова да послужи како потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единство, околу заеднички датум за Велигден“, заклучи папата Фрањо.

Во зависност од црквата, денот на кој се празнува Велигден обично се пресметува според јулијанскиот или грегоријанскиот календар, понекогаш со неколку недели разлики.