Поглаварот на Римокатоличката цква, папата Франциско полека ги обновува силите во болница, но „мора повторно да научи да зборува“ по долгата терапија со кислород, изјавил кардиналот Виктор Мануел Фернандез, пренесува Ројтерс
Кардиналот ги отфрли шпекулациите дека папата ќе се пензионира и рече дека неговото здравје полека се враќа.
„Папата е многу добро, но високиот кислород суши сè. Тој мора повторно да научи да зборува, но неговата севкупна состојба е иста како порано“, рече Фернандез.
Папата Франциско (88) беше хоспитализиран пет недели поради билатерална пневмонија, а Ватикан објави само една кратка аудио снимка на која тој зборува на 6 март, кога неговиот глас беше слаб, без здив и тешко разбирлив.
Во својот последен здравствен извештај, Ватикан рече дека состојбата на папата останува стабилна со „мали подобрувања во дишењето и мобилноста“.
Сè уште нема официјални информации за тоа кога би можел да се врати во Ватикан, а Фернандез рече дека не знае дали ќе биде ослободен на време за Велигден, кој се паѓа на 20 април.
На прашањето дали Франциско може да се повлече, кардиналот рече: „Навистина не мислам така, не“.






