Папата Франциско кој почина денеска на 88-годишна возраст, кон крајот на 2023 година соопшти каде сака да биде погребан кога ќе почине.
Тоа е Базиликата Св Марија Велика, е импозантна црква од 5 век во срцето на Рим, во која веќе се погребани седум папи.
„Веднаш зад скулптурата на кралицата на мирот (Богородица) има мала вдлабнатина, врата што води до просторијата каде што се чувале свеќниците. Ја видов и помислив: „тоа е местото“ изјавил тогаш папата Франциско, по потекло Аргентинец, кој беше првиот папа кој доаѓа од Јужна Америка..
Во оваа базилика се погребани седум папи. Послеен беше Климент IX, во 1669 година.
Денешната црква, една од четирите папски базилики во Рим, била изградена околу 432 година од нашата ера на барање на папата Сикст III, на ридот Ескилин.
Во него се сместени некои од најскапоцените реликвии на католицизмот, вклучително и иконата што му се припишува на Свети Лука, на која е прикажана Дева Марија како го држи во раце малиот Исус.
Во базиликата се сместени и парчиња дрво од лулката на бебето Исус.
Неодамнешните студии овозможија тие да бидат научно датирани во периодот на раѓањето на Исус, според веб-страницата на базиликата.
Тие се чуваат во реликвијар од карпести кристали во форма на лулка.






