Поглаварот на Римокароличката црква се појави на плоштадот Свети Петар во Ватикан за време на големата прослава за Светата јубилејна година на Католичката црква.
Фрањо ги поздрави присутните, и им кажа дека чувствува „Божји допир на утеха“.
„Среќна недела на сите“, рече Папата, зборувајќи со слаб глас додека примаше кислород преку мала цевка под носот.
„На денот на јубилејот на болните и на сите во светот на здравствената заштита, го молам Господ допирот на неговата љубов да допре до сите кои страдаат и да ги охрабри оние што се грижат за нив“, рече тој.
„Се молам и за лекарите, медицинските сестри и здравствените работници кои не секогаш ги имаат условите за работа што ги заслужуваат и кои понекогаш и самите се жртви на напади“, додаде тој.
Папата Франциско пред 15-тина дена беше отпуштен од болница каде беше на 5-неделно лекување од пневмонија опасна по животот за 88-годишниот поглавар.





