Ова го изјави пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во Дејли Клик на ТВ21.
Панова вели дека „балансерот“ морало да биде укинат, бидејќи со него биле вработувани и луѓе кои не оделе на работа, а со тоа била уништена и администрацијата.
„Понижувачки е да бараме за еден човек за да работи во администрација, кој што со мерит систем завршил факултет, се образувал како што треба, на крајот на денот формирал семејство, да има егзистенција за својата фамилија, да мораме да му бараме определена национална припадност за да биде вработен во одредена институции“, рече Ели Панова.
Според неа, „балансерот“ ја исполнил својата цел, но додаде дека мора да се изнајде начин како во иднина да се запази правичната застапеност на етничките заедници.






