Американскиот претседател Џо Бајден синоќа требаше да ја увери нацијата за неговите физички и ментални способности со својот настап на дебатата со противкандидатот за иден американски претседател, Доналд Трамп, но се чини не успеа во тоа, коментира Ен-би-си.



Во исто време, извори од Демократската партија навестија за Си-Ен-Ен дека веќе се разговара за повлекувањето на Бајден и за подигнување на нов кандидат.

Од самиот почеток на дебатата, 81-годишниот Бајден се чинеше дека има проблеми дури и да зборува, главно користејќи слаб, рапав глас.
Во првите минути, претседателот погрешно зборуваше и го губеше текот на мислите….

Прашањата за возраста и изнемоштеноста на Бајден (81) со месеци влијае на неговите резултати од анкетата, потсетува NBC.

Наместо нов почеток, многу демократи ова го сфатија како момент на паника.

„Демократите штотуку извршија колективно самоубиство“, рече еден партиски стратег кој работеше на претседателските кампањи.

„Бајден звучи рапаво, изгледа уморн…. Тој потврдува се што гласачите веќе претпоставуваа. Претседателот Бајден не може да победи. Оваа дебата е клинец во политичкиот ковчег“, пишува Ен- Би- Си

„Тешко е да се тврди дека не треба да номинираме некој друг“, додаде консултант на Демократската партија за Си-Ен-Ен.

За време на дебатата Бајден стана поактивен:

„Само еден од нас е осуден престапник и јас гледам кон него“, му рече Бајден на Трамп.

Трамп, не се двоумеше да го нападне Бајден, во еден момент велејќи дека не разбира што Бајден штотуку рекол за границата.

„Не знам дали воопшто знае што кажа“, рече Трамп.

Околу еден час по дебатата, помошник на Бајден и други запознаени со ситуацијата понудија објаснување за засипнатоста на претседателот: Тој е настинат.

Дури и кампањата на Бајден призна дека дебатата ќе биде клучен момент на изборите, при што официјалните лица се надеваат дека тоа би можело да ја заниша трката во корист на претседателот.

Повеќето анкети ја имаат трката на влакно од победата, мала разлика која остана непроменета со месеци, дури и откако поротата го прогласи Трамп за виновен за 34 обвиненија за кривични дела.