„Или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор“, вели директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.



Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите.

Според Пандов, потребно е намалување на затворската популација, а тоа може да се направи на три начини: преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници.

„ За жал, Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, парите што се обезбедени сега се под мораториум. Следната недела треба да има контрола и се надевам да се одмрзнат тие средства следната година“, изјави Пандов.

Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.