Актерката и фотомодел Памела Андерсон наполни 5 децении на почетокот на летото, но тоа не и пречеше при неодамнешното снимање за списанието Кинг Конг, повторно да се соблече.



Светската слава Памела Андерсон му ја должи на Хју Хефнер, кој неодамна почина на 91 годишна возраст.

Памела за првпат се појави во Плејбој во 1989 година и беше номинирана за зајачица за 1990 година. Благодарение на Хефнер, и Холивуд и даде можност да заработи милиони со тоа што таа стана еден од најпознатите секс-симболи на сите времиња.

За целите на неодамнешното снимање за британскиот магазин Памела Андерсон застана пред фотографот Давид Ла Чапела и се фотографираше со украинскиот балетан Сергеј Полунија.