Палчо ќе докажува дека бил во банка во време кога била убиена Вања

Првообвинетиот за убиството на 16 годишната Вања Ѓорчевска се обидува да изгради алиби дека бил во банка за време на убиството на малолетната Вања Ѓорчевска која беше грабната и потоа и убиена и за тоа приложи уплатница со извршена уплата во 11.40 часот, во Халк банка во Буњаковец.



Денеска во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за грабнувањата и за убиствата на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, кои беа извршени на 22 и на 27 ноември 2023 година во околината на Велес и во околината на Скопје.

На последното рочиште неговата одбрана побара Судот да ѝ нареди на банката да достави снимки од кои се гледа дека Љупчо Палевски е внатре во банката и долго време чека ред. Судот го прифати ова барање и најави дека ќе го прибави како доказ видеонадзорот од Халк банка во периодот од 9 до 12 часот во критичниот ден.

Палевски тврди дека додека чекал ред во банката, еднаш го вратиле од шалтер, па се враќал, стоел и разговарал со извесен професор Мартин Панчевски.

Тој Панчевски беше поканет како сведок, но судијата рече дека не е најден на дадената адреса, па ќе биде поканет уште еднаш за рочиштето на 26 март.

Освен Палевски, обвинети за грабнувањата и за убиствата се и Велибор Манев и Боре Видевски од Велес и Влатко Кешишев од Штип, а Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка Вања.

Повеќе на Плусинфо