Палчо ќе го испрашува Кешишев за убиствата на Вања и Панче

Во Кривичниот суд во Скопје денеска првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панќе Жежовски, Њупчо Палевски-Палчо, ќе го испрашува четвртообвинетиот Влатко Кешишев.



На минатото рочиште во средата, Љупчо Палевски Палчо беше отстранет од судницата поради голем страв на Влатко Кешишев од него.

По остранувањето на првообвинетиот, Кешишев на прашања на неговиот адвокат Игор Ефремов раскажа дека го видел Палевски како држи пиштол и го слушнал истрелот со кој ја убил Вања во околината на скопското село Бразда.

Убиството на Панче, во близина на селото Рудник кај Велес, не го видел оти бил подалеку, но го слушнал истрелот. Тој не бил активен во планирањето на грабнувањата со цел откуп.

Рече дека плановите ги правел Палевски со Манев и Видевски, а тој не се мешал. За двете убиства разбрал дека се случиле дури откако се вратил со останатите обвинети во штабот на партијата Десна.

За свирепите злосторства извршени на 22 и на 27 ноември 2023 година им се суди и на Велибор Манев и Боре Видевски од Велес, а петообвинет е Александар Ѓорчевски за помагање во грабнувањето на неговата ќерка Вања.