Палчо останува во притвор поради опасност од бегство

Палчо останува во притвор 30 дена, мерка која претходно му беше изречена во негово отсуство, соопшти судот.Кривичен го потврди притворот кој започна со неговото спроведување во затворот во Шуто оризари. „Постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело“, соопштија од судот.

На Палевски му беше одреден притвор во отсуство, но тој сега негира и дека побегнал.



„Не бев во бество и не смеам да зборувам поради ситрагата“, одговори на новинарите кога го спроведуваа од Кривичниот суд. На Љупчо Палевски ќе му биде доделен адвокат по службена должност иако претходно во писмо преку затворот „Скопје“ побарал тројца адвокати, за кои во моментов е нејасно дали одбиле. Фото :Принтскрин од ТВ Телма