Оган, чад и опасност по здравјето на тетовци во текот на вчерашниот ден. Од градската управа ссоопштија дека оганот е ставен под контрола и дека може да започне дислокацијата на депонијата за која постојат сомневања дека можеби била предмет на потпала.
„Владата на РМ обезбеди средства и склучи договор за дислокација и чистење на тетовската депонија, кој процес треба да започне во понеделник (утре). Некој тоа го знаел и затоа 2 дена пред да започне чистењето и дислокацијата ја запалил се со цел да не може да дојде до тоа или да се одложи процесот, притоа загрозувајки го здравјето на луѓето. Кому му е ова во интерес? Проценете сами..“, пишува генералниот секретар на владата Драган Рашковски на својот профил на фајсбук..




