Проценката на штетите на Обединетите нации објавена во јануари покажа дека расчистувањето на повеќе од 50 милиони тони отпад што остана во Газа од израелското бомбардирање може да потрае 21 година и да чини до 1,2 милијарди долари.
Но, државниот секретар на САД, Марко Рубио, вели дека предлогот на Трамп не е „непријателски“, туку „дарежлив потег“, што ја покажува „подготвеноста на Соединетите Држави да станат одговорни за реконструкцијата на таа област“.
Тој рече дека идејата е жителите на Газа да ја напуштат територијата на „привремен“ период додека рушевините се расчистуваат и се одвива реконструкцијата, јави Би-Би-Си.
Зетот на Трамп, Џеред Кушнер, ја истакна идејата за крајбрежна енклава со фокус на градење недвижнини уште на почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година.






