Нивото на уништување низ Појасот Газа е „незамисливо“, соопшти Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА).
„Домовите, училиштата, болниците и инфраструктурата се претворени во урнатини“, соопшти УНРВА, додавајќи дека биле погодени околу 190 нејзини објекти, додека најмалку 520 раселени Палестинци кои се засолниле во тие згради биле убиени.
Во меѓувреме, висок претставник на агенцијата за комуникации Луиз Вотериџ рече дека сите преостанати згради во разурнатиот град Кан Јунис во јужна Газа „висат на конец“.
„Каде и да погледнете, уништување“, рече таа во видеото објавено на платформата X. „Огромни кратери покрај патишта полни со урнатини, мала надеж за оние што останаа овде“.
Портпаролката на Палестинскиот црвен крст (PRCS), Небал Фарсах вели дека се случува „континуирано раселување на речиси два милиони луѓе“ во Појасот Газа
„Никаде во Газа не е безбедно, нема начин луѓето да заминат, дури ни оние кои се болни или ранети“, рече Фарсах во видео изјава објавена на платформата X.
Семејствата сè уште се потпираат на несоодветна помош, се додава, во услови на недостиг на пристап до храна и вода и зголемени здравствени ризици поради „пренатрупаноста“.
Потребна е итна меѓународна акција, додава PRCS.






