Илјадници Палестинци се собраа на редок протест во северниот дел на Појасот Газа, на кој се спротивставија на исламистичката група Хамас и повикаа на прекин на војната со Израел.
Сведоците ги опишаа протестите во градот Беит Лахиа како најголеми во последните неколку години.
На протестот се приклучија луѓе од сите возрасти, вклучително и деца и постари лица, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Стоп за агресијата“, „Сакаме да живееме во слобода“ и „Не на теророт, да за мирот“.
Некои учесници вееја бели знамиња, повикувајќи на прекин на 18-месечниот конфликт во Газа.
Израелската армија се обидува да го разоружа Хамас, кој сам владее со Газа од 2007 година и беше прогласен за терористичка организација од страна на САД и Европската унија.
„Направивме грешка што молчевме“
Неколку демонстранти повикаа на палестинско национално единство и појава на ново политичко раководство. Други повикаа на меѓународна заштита на цивилите и укинување на израелската блокада што го прекина протокот на хуманитарна помош во енклавата.






