Палестинец се забил во израелско оклопно возило (ВИДЕО)

27-годишен Палестинец вчера со голема брзина со возилото удрил во паркирано оклопно возило на Западниот Брег, соопшти израелската полиција.



Тој загинал, додека никој од полицајците не е повреден.

На снимката од безбедносните камери се гледа како автомобилот со голема брзина се движи кон оклопно возило и полициско патролно возило, а наоколу стоеле неколку полицајци.

Непосредно пред автомобилот да удри во оклопното возило, полицаецот навидум несвесно се тргнал и за влакно ја избегна смртта.