Пак уапсен „Боро Малборо“

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Боро Стојчев е уапсен вчера во голема акција која ја спроведе Министерството за внатрешни работи.



Освен Стојчев, познат по прекарот „Боро Малборо“уапсени се уште девет лица за организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана.

Се шпекулира дека токму ексградоначалникот Стојчев бил на чело на оваа криминална група која продавла дрога, дознава Фактор.

Боро Стојчев во 2017 година беше предложен за кандидат за градоначалник од СДСМ.

Јавноста памети дека Стојчев беше поврзан со криминални активности уште во 2018 година, кога беше и градоначалник на Ново Село.

Во јули 2018, Стојчев заедно со уште два члена од неговото потесно семејство, неговата сопруга и синот, заедно со уште две лица, беше фатен при обид за шверц на цигари близу македонско- бугарска граница. Првично си доби 18-месечна затворска казна, па подоцна му беше намалена на половина година.

Поради апсењето, тој на функцијата градоначалник на Ново Село беше само една година и два месеци, од октомври 2017 до декември 2018. Поради притисоци за шверцот на цигари беше принуден да си даде неотповиклива оставка.